Џулијани тврди дека Сорос ги назначувал амбасадорите на САД во Украина

Американскиот берзански шпекулант Џорџ Сорос стоел зад назначувањето на четворица американски амбасадори во Украина, вклучително и на Мари Јованович, кој ја напушти должноста во мај годинава по лично барање на претседателот Доналд Трамп, обвинувајќи ја за нелојалност, вели во интервјуто објавено во понеделникот за списаниет New York, личниот адвокат на претседателот, поранешниот њујоршки градоначалник Рудолф Џулијани.

Џулијани го направил разговорот за магазинот на 8-ми октомври, по враќањетот од патувањето во Украина, каде што собирал сведоштва кои ќе ја доведе во прашање непристрасноста на обидите на демократите за импичментот на Трамп,

Адвокатот во тој контекст тврди дека Сорос ја „контролира“ Јованович. „Сите четири (американски) амбасадори таму (во Киев) беа негови (Сорос). Тој, исто така, ги користи и услугите на FBI“, тврди Џулијани, без да даде докази.

Џулијани повикува да не биде обвинуван за антисемитизам поради обвинувањата на познатиот финансиер од унгарско-еврејско потекло. „Тој не го поддржува Израел, и е непријател на Израел“, вели адвокатот на Трамп.

Џулијани додава дека бил принуден да одбие да спроведе два случаи во Украина како адвокат, за да не биде обвинет за сомнително однесување.

„Навистина сакав да се занимавам со едно такво дело“, признава Џулијани, осврнувајќи се на поранешниот украински претседател Виктор Јанукович и тужба од украинските власти за голема финансиска организација во врска со кредит во износ од 7 милијарди долари. Според Џулијани, тој го проучувал случајот со цел подобро да сфати „како се користел системо за легализација на (криминално стекнатите) средства (во интерес) на Хантер Бајден“, синот на поранешниот американски потрпетседател Џо Бајден.

Според поранешниот градоначалник на Њујорк, Обвинителството на Јужниот округ на истоимената сојузна држава попусто барал детални информации за консултантската компанија „Giuliani Partners“ во врска со обвиненија поднесени против нејзините наводни асистенти Лев Парнас и Игор Фруман.

„Тие (во обвинителството) го загубиле умот, ако веруваат дека сум сторил кривично дели. Јас својата дејноста ја вршам повеќе од 50 години и знам како не се прават кривични дела“, вели Џулијани.

Џорџ Сорос се смета за еден најбогатите луѓе во светот основач и шеф на хеџ-фондот „ Soros Fund Management“. Според списанието Forbes, неговото богатство достигнува речиси 25 милијарди американски долари. Во февруари 2016 година телевизијата CNN објави дека Сорос донирал 6 милиони долари во претседателската кампања на демократската кандидатка Хилари Клинтон, противкандидат на републиканецот Трамп. По победата на вториот на изборите во 2016-та, Сорос го обвини за поддржување на диктатурата и претворање на САД во мафијашка држава.

 

Скандалот во Вашингтон

Во октомври Парнас и Фруман беа приведен во САД, кога Обвинителството на Јужниот округ на државата Њујорк за нив и за уште две лица поднесе обвиненије за прекршување на либистичката дејност. Претприемачите се осомничени дека се обиделе да издејствуваат отповикување на амбасадорката Јованович во интерес на извесен украински функционер.

Џулијани, пак, беше во центарот на интересот на медиумите откако во септември во Вашингтон избувна скандалот поради обвинувањата дека Трамп во јули годинава извршил притисок врз штотуку избраниот украински претстедател Владимир Зеленски во текот на телефонски разговор поттикнувајќи го отвори истрага против Џон Бајден, веројатен негов демократски противкандидат на изборите во 2020 година. Се сугерира дека американскиот челник, со помош на Џулијани, побарал од својот украински колега да ги испита постапките на Бајден во врска со смена на украинскиот државен обвинител кој го истражувал случајот на корупција во компанија во чие раководство бил и синот Хантер Бајден, во замена за американска воена помош.

Претставничкиот дом на Конгресот, во кој мнозинство имаат демократите, врз основа на овие сомневања започна постапката за импичмент против републиканецот на Трамп.