Улиците во кумановско Диво насеље ќе се чистат по проценката на оштетените имоти

Чистењето на улиците во кумановската нселба „Тоде Мендол“ каде што се одвиваше полициската акција за разбивање на вооружената група, ќе се спроведе по проценката на оштетувањата на недвижниот и останатиот имот на жителите од засеганатото подрачје, информира денеска директорот на ЈП „Чистота и Зеленило“ Сашо Петрушевски, објави МИА.

Според него, договорено е екипи и механизација од Центарот за управување со кризи тогаш да излезат на терен и да го соберат градежниот шут.

Петрушевски рече дека екипите на ЈП „Чистота и Зелелино“ и ЈП „Комунална Хигиена“ од Скопје интензивно ги чистат улиците во кумановската населба „Тоде Мендол“.

– Екипите редовно рабтат на терен, го собираат, скалдираат и изнесуваат сметот,  изјави Петрушевски