Со многу улични перфморманси, баскер точки и музички настапи уличниот театар под отворено небо „Баскерфест“ и годинава од 10 до 19 јуни ќе ги забавуваат посетителите на градскиот плоштад „Македонија“ во Скопје и во повеќе градови низ државата.
Меѓу годинашните улични артисти, информираат организаторите, се имиња како патувачка уметничка инсталација „Blink Circus“, шоуто на „Mr. Copini“, оригиналната и креативна сценска изведба „Ome dual“, уметничкиот изведувач „Mr. Bugiganga“, шокантните „Cotzani and Wendy“, бразилскиот мастер манипулатор „Diogo Alvares“, кловнот „Vinyl Burns“ и други.
Баскерфест 2016 традиционално и годинава е поддржан од Град Скопје.