За медиумите, за комуникацијата, за слободата на изразување, за слободата на говорот, каде е границата, до каде се почитуваат а од каде се нарушуваат човековите права, за сето ова младите од повеќе европски земји се стекнаа со вештини и знања за тоа која е нивната партиципација во телата кои ги донесуваат одлуките кои се однесуваат на младински прашањa.
„Преку оваа размена младите ќе се здобијат со вештини и знаења, како користејќи ги медиумите да влијаат во средините во кои што живеат. Промената која треба да ја направат е кон подобро. Тие треба да ја воочат важноста на слободата на изразување и говорот на омраза“, изјави Наташа Чавдаровска, претседател на Форум 16.
Придобивките од програмата „Млади во акција“ за младите во земјава и Европа се од голема важност, се сложија дел од учесниците на денешната работилницa.
„Овде покрај тоа што ќе дознаеме нешто повеќе за програмата која што овозможува не само поголема мобилност, туку со вештини кон подобро во нашите ставови. Многу ми е драго што за прв пат сум во Македонија и во градот Охрид, и се чувствувам одлично“, изјави Зузана Курашикова- Чешка
„Доаѓам од Словенија и се надевам дека денеска со искуството кое што ќе го добиеме на оваа работилница ќе можеме да направиме разлика во слободата на медиумите во Македонија и нашата земја“, изјави Томаз Паховец – Словенија
Македонија е дел од кампањата за борба против говорот на омраза која што се одржува на ниво на ЕУ.
„Со оваа кампања се подигнува свеста на младите за негативното влијание на говорот на омраза врз другите личности и како да се справат со тој говор на омраза“, додаде Чавдаровска
Од Тугедр Македонија најавија дека на 30 јуни ќе се одржи семинар за тоа која е моќта и кои се можностите за вработување во мал бизнис.