Ултранационалистичките алжирски инфлуенсери водат војна против Франција

Неколку онлајн активисти беа уапсени во текот на изминатите неколку недели за поттикнување насилство. Некои имаат профили на TikTok со повеќе од 400.000 следбеници.

Алжирци- ултранационалисти, кои се влијателни на социјалните медиуми од Алжир шират омраза за Франција – земјата што владееше со неа.

Трендот предизвика нервоза во владата во Париз, со неколку апсења од висок профил во текот на изминатите неколку недели. Неколку онлајн инфлуенсери создадоа голема публика, поттикнаа насилство и терористички активности и, во некои случаи, ги таргетираа противниците на алжирскиот режим со седиште во Франција.

Инфлуенсерите „профитираат од зголемени тензии меѓу Франција и Алжир“, изјави францускиот министер за внатрешни работи Бруно Ретало за неделниот весник „Л’Експрес“.

Односите меѓу Франција и нејзината поранешна колонија се оптоварени со децении, особено од незадоволство поради 132-годишното крваво владеење, насилството извршено за време на војната за независност на Алжир што заврши во 1962 година, и од неодамна – миграциските прашања.

Алжирците се разочараа откако претседателот Емануел Макрон во текот на летото застана на страната на алжирскиот регионален ривал Мароко во расправија за Западна Сахара, поздравувајќи го планот на Мароко за автономија на спорната територија.

Најмалку седум лица се уапсени од почетокот на јануари поради нивните објави на интернет, каде што се обвинети за поттикнување насилство врз поединци и, во некои случаи, повикување на терористички напади против Франција.

Во еден од најпознатите случаи, Алжирец кој живее во западниот град Брест, кој се нарекува zazouyoucef, е обвинет за величење на тероризмот откако објавил неколку такви видео клипови на TikTok, каде што неговата сметка е со 400.000 следбеници. Најмалку еден од клиповите го споменува по име алжирскиот претседател Абделмаџид Тебуне и навидум им се заканува на неговите противници.

„Меѓу овие инфлуенсери, има луди луѓе кои немаат врска со алжирскиот режим, но дејствувале наспроти позадината на постоечката реторика“, вели Чавки Бензехра, онлајн алжирски активист и противник на режимот, кој одигра активна улога во означување на насилни објави на неговите профили на социјалните мрежи. Ниту една од објавите не резултираше со вистински чин на насилство што е документиран или поврзан со веродостојна терористичка закана.

Во изминатите неколку години се појавија голем број прорежимски, националистички алжирски инфлуенсери, но работите се променија по потегот на Франција за Западна Сахара, рече Бензехра.

Француската влада се воздржува од обвинување дека  алжирската влада ги влече конците.

„Во оваа фаза немаме докази дека ова е координирана кампања“, рече Ретајло.

Многу високиот број на следбеници за неколку од овие профили го привлече вниманието на официјалните лица и академиците. Еден од онлајн-активистите уапсен минатата недела, наречен Махди Б. имаше повеќе од 800.000 следбеници на TikTok. Тој е осуден на затвор поради величење на тероризмот, објавија локалните медиуми.

„Широк ехо во Франција“

Франција е дом на дијаспора од повеќе од 2 милиони алжирски имигранти и потомци на имигранти, според францускиот национален институт за статистика Insee.

Повеќето од обвинетите инфлуенсери, чии профили сега се избришани од платформите на социјалните медиуми, објавуваат на арапски, а нивната публика е и внатре и надвор од Франција.

Потегот на Макрон во Западна Сахара дојде по неуспешните напори на францускиот претседател да се обиде да ги поправи односите. Тоа беше протолкувано од некои како прагматичен потег на Макрон, веројатно за зајакнување на односите со еден од ретките преостанати сојузници што ги има во регионот, на сметка на Алжир. Многу историски сојузници на Франција во Сахел – од кои многу се поранешни колонии – станаа непријателски настроени.

Потегот на Западна Сахара и отворената поддршка на Макрон за Сансал го налутија алжирскиот режим, за кој некои сега се сомневаат дека ја поттикнува онлајн кампањата овозможена од членовите на алжирската дијаспора, директно или преку полномошник.

Алжирските медиуми контролирани од државата имаат долга историја на напади врз Франција, разгорувајќи го огнот на незадоволство и гнев против Париз кај дел од алжирското население дома и алжирската заедница во странство. По апсењето на Сансал, алжирската државна агенција за печат ја нападна политичката класа на Франција и ја обвини за нарушување на суверенитетот на Алжир.

„Алжирскиот режим е исклучително кревок и колку е покревлив, толку повеќе ја погодува Франција“, вели француски дипломатски функционер: „Француската позиција на Западна Сахара се гледа како нож во грб“.