Умерен оптимизам во Србија по меѓупартискиот дијалог под покровителство на ЕП

Не ми пречи во Србија да има има повеќе дијалози, доколку сите ја имаме истата намера а тоа е да се создадат услови за чесни и демократски избори, изјави во саботата во Белград, европратеничката Тања Фајон по меѓупартискиот дијалог под покровителство на Европскиот парламент.

Словенечката контроверзна европратеничка Тања Фајон која е во жесток судир со десните и суверенистички влади, вклучително и во нејзината татковина, заедно со известителот на Европскиот парламент за Србија, Валдимир Билчик и поранешниот европратеник Кнут Флекенстајн учествуваа во петокот и саботата во меѓупартискиот дијалог на српската прозападна опозиција и власта чијашто цел е воспоставување фер и демократски избори услови. Интересно е што се бара и рамноправен пристап до медиумите, при што многумина велат дека опизицијата контролира повеќе од медиумите.

Фајон, по втората рунда од разговорите, изјави дека верува дека по „конструктивните мислења“, а во јуни и август ќе работи за во сепрември да може да има „заеднички резултати“.

Претседателот на српскиот парламент Ивица Дачиќ и членовите на делегацијата на ЕП најавија дека до 1-ви септември европосредниците ќе подготват работен документ врвз основа на резултатите од меѓупартискиот дијалог. Следниот состаник би требало да е одржи на 17-ти и 18-ти септември.

Меѓупартискиот дијалог во Србија паралелно се одвива на два колосека, со посредување на ЕП и низ директни преговори на други опозициски партии со владејачката коалиција.

Некои од центристичите и либералните опозициски партии ги бојкотираа изборите во јуни 2020 година незадоволни изборни услови. Следните избори се најавени за првата половина од следната 2022 година, но како и лани и сега партијата Српска напредна партија (СНС) на српскиот шеф на државата Александар Вучиќ сѐ уште има голема предност во анкетите, а партиите на некои од најекспонираните опозициски лидери се многу близу веќе еднаш намалениот изборен праг.

„Мислам дека за успех на дијалогот е важно предлозите да бидат реалистични, прифатливи, остварливи и одржливи. Доколку се така се однесуваме, ќе ја оствариме главната задача сите да излезат на изборите и никому да не му се пружи алиби да ја оцрнува Србија“, рече парламентарниот спикер Дачиќ од српските социјалисти.

Челникот на конзервативното движење Двери, Бошко Обрадовиќ, изјави дека изработката на нацртот на изборните услови ќе биде „голем тест за претставниците на Европскиот парламент кој оваа работа ја преземаа врз себеси“.

„Доколку тие во својот документ за изборните услови го стават она што се вистински демократски вредности и вистинските стандарди за слободни и чесни избори, ќе имаме сериозен проблем со нашите власти кои тоа нема да сакаат да го исполнат и дури тоќе ќе се види колку Србија е далеку од современата европска демократија“, рече Обрадовиќ.

Во моментов во српската Скупштина (парламентот) доминираат „напредњаците“ на Вучиќ и социјалистите на Дачиќ кои заедно со помалите коалициски партнери имаат повеќе од дветретинско мнозинство во мандатите.