
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтер, претпладнево бил регистриран во морскиот дел помеѓу грчките острови Аморгос и Санторини, јави дописничката на МИА од Атина.
Според податоците од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, епицентарот е 23 километри југозападно од Аморгос.