Земјотрес со интензитет од пет степени според Рихтеровата скала е регистриран изутрината во централниот дел на Јапонија.
Според информациите на Метеоролошката служба епицентарот бил во префектурата Ибараки, која се граничи со Токио, на длабочина од 40 километри.
Засега нема информации за евентуални жртви или за причинета материјална штета и не е прогласена опасност од појава на цунами, пренесува МИА.
Потоа се регистрирани и неколку куси вторични потреси во 14 префектури во централниот и североисточниот дел на главниот јапонски остров Хоншу.
Сеизмолозите регистираа изминатите 24 часа три земјотреси во регоионот на руските Курилски Острови. Земјотресите биле со интензитет меѓу 3,8 и 4,5 степени.