Умерен земјотрес со Рихтерова магнитуда 2,6 кој потекнува од охридското епицентрално подрачје е регистран во вторникот во 11,26 часот, извести Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Земјотресот, чијшто епицентар е регистриран на 105 киломери југозападно од главниот град Скопје, бил почувствива од населението во југозападниот дел од земјата, како и во Охрид, со интензитет од III-IV степмени според Европската макросеизмичка скала.
Потресите со ваква моќ, инаку, послабо се чувствуваат во движење, и не предизвикуваат речиси никакви материјални штети.