Умерено до значително облачно, на југозападот слаб дожд

Во петок во Македонија ќе преовладува умерено до значително облачно време. Претежно во југозападните делови ќе има повремен локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува.

Утринските температури се движат меѓу минус 3 и 3, додека највисоките дневни соодветно ќе бидат во опсегот од 4 до 11 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде претежно облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе достигне до 10 степени.