
Во Македонија во понеделникот ќе преовладува променливо облачно време, на повеќе места ќе биде нестабилно со врнежи од дожд и појава на грмежи.
Врнежите наместа ќе бидат поројни, локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава наград, особено во западните, централните и крајните северни делови.
Утринските температури се движат од 12 до 19, а максималните дневни ќе бидат соодветно во итервалот меѓу 16 и 28 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи, во делови од котлината со услови за појава на невреме. Температурата ќе достигне до 25-степен.