Во понеелникот претпладнеќе преовладува умерено облачно време со слаб до умерен јужен ветер. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град.
Индекот на ултервиолетовото зрачење (UV) ќе биде 6.
Утринските температури се движат од 12 до 20, додека највисоките дневни соодветно ќе бидат во интервалот меѓу 23 и 35 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска претпладне ќе биде умерено облачно, попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме. Максималната температура ќе изнесува 33 степени.