Умре долгогодишниот шеф на сириската дипломатија Валид Моалем

Долгогодишниот шеф на сириската дипломатија Валид ал-Моалем, кој ја водеше дипломатијата на сирискиот претседател Башар ал-Асад во периодот од март 2011 година кога започнаа обидите на соседните сунитски земји, во прв ред Туриција и Саудиска Арабија помогнати од Западот, да изведат преврат во Сирија, почина во понеделникот, соопшти владата во Дамаск.

Причината за смртта не е објавена, но познато е дека 79-годишниот ал-Моалем со години не беше во добра здравствена состојба поради проблеми со срцето. Извори блиски на сириската влада соопштија дека се очекува на должноста да го наследи неговиот заменик Фејсал Мекдад.

Моалем, кој првпат беше именуван на должноста министер за надворешни работи во 2006 година а исто така беше и потпретседател на сириската влада, извршуваше низа највисоки дипломатски должности, вклучително и амабсадор во САД, а учествуваше и во неуспешните преговори во 1990-те години со Израел за мирно решавање на конфронтациите.

„Беше познат по чесните патриотски позиции“, соопшти сириската влада додавајќи дека починал во мугрите и дека ќе биде погребан подоцна во понеделникот во Дамаск.

Моалем, кој потекнува од сунитските муслимани во Сирија, беше познат и по тоа што јавно го одобруваше военото присуство на Русија и на шиитески Иран во неговата земја, како гаранти за интегритеот на земјата.

Сирија е мнозинско сунитска исламска земја, но сунитите во Дамаск и околината го поддржуваат алавитскиот (шиитски) претседател Башар ал-Асад. Покрај тоа, и сириските Курди не се подложни на влијанието на околните сунитски земји, па тоа е и причината што Асад со поддршка и на шиитите, малубројните христијани, друзи, исмаили опстојува на власт.

Моалем ги обвини САД и другите земји од Западот дека стојат зад разгорувањето на граѓанската војна во Сирија и оти со нивната скриена помош за ултрарадикалната сунитска организација Исламсла држава ја разориле земјата и сѐ уште експолоатираат нафтоносни полиња на окупираните територии.

Во последните изјави ал-Моалем ги нападна ткн „Цезаров закон“, односно најострите американски санкци ипротив Дамаск, кои стапија на сила во јуни 2019 година, за кои рече дека им е целта до смрт да ги изгладнат Сиријците. Порача дека неговата земја ќе добие помош од Русија и Иран за да го ублажи тој удар.