Командантот на Црвените Кмери, Каионг Гуек Еав, попознат како „другарот Дуч“, главниот егезкутор и функционер за безбедност на водачот Пол Пот, кој ги надлгедувал егзекуциите на најмалку 14.000 Камбоцанци, во злагласниот затвор Туол Сленг, починал во средата во 77 година од животот.
„Другарот Дуч“ пеше првиот пропадник на водството на Црвените Кмери кој одговараше пред судот за својата улога во режимот кој се смета одговорен за најмалку 1,7 милиони луѓе убиени во ткн „Полиња на смртта“ шриум земјата од 1975 до 1979 година.
Дуч умрел во болница во главниот град Пном Пен, соопшти портпаролот на судот кој е основан за прогон на водството на Црвените Кмери. Причината за смртта не е соопштена, но познато беше дека последните години осуденикот беше болен.
Во 2010 година, судот кој беше поддржан од ОН го прогласи Дуч за виновен за масовни убиства, мачења и злосторства во затворот Туол Сленг, поранешно средно училиште во Пхном Пен, кое сега е е моморијален центар.
Доби доживотен затвор две години подоцна откако му беше одбиена жалбата. Во неговата жалба беше дека тој само извршувал наредби. Дуч, кој од самото почнувње на процесот против него, стана „наново роден“ христијанин и се покаја за своите злосторства.
Камбоџанската влада на премиерот Хун Сен, поранешен фунцкионер на Црените Кмери, кој се побуни и побегна во Виетнам од каде подоцна помагаше во нивното уривање од власт, немаше коментари на веста за смртта на Дуч.
Дуч, поранешне професор по математика, е само еден од неколкутемина високи функционери на Црвените Кмери осудени пред да умрат. Водачот на режимот Пол Пот умре во скривалиште во џунглите во 1998 година.
„Ништо во поранешната училишна зграда не се случувало без негово одобрување. Имаше потполна контрола“, изјави фотографот и пистател Ник Данлоп, кој во 1999 година го пронајде Дуч кој се криел недалеку од границата со Тајланд, две децении по падот на режимот кој се смета како еден од најсвирепите во историјата на човештвото.
„Сѐ додека не минете по празните ходници на Туол Дленг не ја сфаќате застрашувачката моќ на зборовите на Сталин дека една смрт е трагедија, а милион се статистика“, напиша Данлоп во свопјата книга за Дуч и неговите злосторства под насловот „Изгубениот егзекутор“.
Норнг Чан Пал, еден од ретките кои го преживеале овој затвор, бил уште дете кога со родителите бил затворен таму. Биле испитувани поради соменвања дека се поврзани со Виетнам, смртниот непријател на Црвените Кмери. Неговите родители биле измачувани и убиени, но тој преживеал и дочекал да сведочи на судењето на Дуч во 2010 година.
Вели дека Дуч му се извенил. „Се извини. Но правдата не е потполно задоволена“, изјави Пал за Reuters.