Умре главниот палестински преговарач Саеб Ерекат по зараза со коронавирусот

Саеб Ерекат, главниот палестински преговарач во деценискиот мировен процес со Израел, почина во вторникот на 65-годишна возраст, како последица од Covid-19, изјавија од неговото движење Фатах.

Со децении истакнатиот палестински гласноговорник, Ерекат, исто така, ја извршуваше и должноста главен секретар на Палестинското ослободително движење (PLO) и беше чекн на нејзината најмоќна фракција Фатах.

Ерекат силно го заговараше мировното решение со две држави за ставње крај на судирите со Израел и остро ја критикуваше израелската политика на населување на окупираните територи, којашто според него може да ги уништи шансите за посторње на одржлива Палестина.

На 8-ми октомври Ерекат потврди дека е заразен со коронавирусот. Десет дена подоцна, поради влошување на неговата здравствена состојба, Ерекат беше префрлен од неговиот дом во градот Јерих на Западниот брег во медицинскиот центар „Хадассах“ во Израел. Лекарите го приклучија на респиратор и го воведоа во медицински предизвикана кома откако му се влошила состојбата.

Тој спаѓал во ризичната група пациенти, откако во 2017 година во болница во САД му беа трансплантирани бели дробови, поради што му бил ослабен имунитетот.