Почина Зевс, кучето од расата германска дога, кое ја носеше титулата најголемо куче во светот и се запиша во Гинисовата книга на рекорди.
Тој беше висок неверојатни 112 сантиметри.
Зевс беше тежок 70 килограми, точно колку еден просечен човек, а исправен на предните нозе достигнуваше висина од 2 метри.
Тој го собори рекордот на Џинот Џорџ, кој исто така беше од расата германска дога.
Сопствениците на Зевс велат дека многу ќе им недостасува, истакнувајќи дека зад грубата надворешност, тој бил многу мирно и послушно куче.