![ums2-2](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/05/ums2-2.jpg?resize=640%2C360&ssl=1)
Продолжува праксата на подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ на директна комуникација со младите.
Дел од проектите од кампањата за младите веќе се имплементираат, а за таа цел УМС ги потсети младите за тоа кои мерки можат да ги искористат.
Денеска ќе ги промовираме проектите кои што можат да ги искористат младите невработени лица, а тоа се проектите обука за компјутерски вештини и обука за странски јазици. Преку овие мерки младите кои што се невработени, откако ќе ги завршат ќе бидат поконкурентни на пазарот на трудот и ќе можат полесно да дојдат до своето работно место, потсетува Борис Камчев, претседател на УМС Центар.
Со овој проект предвидено е секоја година, 20.00 млади лица на возраст до 29 години да бидат вклучени во обуките и тоа 10.00 лица за компјутерски и исто толку за јазични вештини, изучувајќи ги светските јазици кои се најпотребни во моментот на пазарот на труд, односно англиски, германски и француски, ширум државава.