-Арогантниот и себичен однос на властите кон младиот човек во Македонија, заслужува реципрочен одговор, затоа, УМС на ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи денешниот протест од 14:00 часот пред МОН инициран од студентските организации заради нередовната исплата на стипендии и мизерниот студентски стандард, изјави Сергеј Попов, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
Студентот го крева гласот и овој пат својот гнев кон оваа власт ќе го искаже на улица.
-Како УМС секогаш сме биле единствен политички подмладок којшто е постојано во дослух со барањата и потребите на студентите. Алармиравме и баравме итна реконструкција и подобрување на квалитетот на храната во студентските домови, побаравме зголемување на сумата на стипендиите и на студентскиот оброк но од страна на СДСМ и ДУИ истото беше игнорирано.
-Како единствен докажан партнер на младите, по доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ ќе ставиме крај на понижувањата нанесени од оваа Влада во заминување.
-Ветуваме дека студентите ќе добијат целосно реконструирани студентски домови, редовна исплата на сите стипендии и редовна исплата и надградба на сумата за студентски оброк.
-На сите незадоволни и разочарани студенти, им порачуваме дека деновите на неспособноста, негрижата и индиферентноста кон иднината на државата, се одбројани. Наскоро, граѓаните ќе имаат шанса да стават крај на овие понижувања и академската катастрофа, а младиот човек повторно ќе може да се фокусира на академско усовршување, личен кариерен напредок и многу работа за градење подобро утре за себе и за Македонија.