![ums](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/09/ums.jpg?resize=665%2C499&ssl=1)
Драган Богдановски веруваше во македонската младина како најголема сила и единствен чувар на македонските идеали, за што и ќе рече дека: ,,Македонската младина е сплотена како авангардна комуна во ВМРО – ДПМНЕ. За ВМРО – ДПМНЕ може слободно да се каже дека е партија на македонската младина, бидејќи младината на секој народ е неговата иднина.”
„На денешен ден пред 90 години се раѓа токму тој – човекот кој историското ВМРО го возобнови во единствената македонска партија, модерното ВМРО – ДПМНЕ.
Животот ѝ го посветува на Македонија. Нека му е вечна слава“, објави на Фејсбук, претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески.