![sdsm-sedishte](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/02/sdsm-sedishte.jpg?resize=696%2C400&ssl=1)
Предмалку, УСС УКИМ објави соопштение кое искрено се надеваме дека не е пишувано од центарот за комуникации на СДСМ. Во Македонија образованието е урнисано, студентските домови се руинирани, нови не се градат. Да потсетиме што беше ветувано, соопштија во средата вечерта од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.
- Нови 4 студентски града ( Битола, Штип, Тетово и Скопје)
- Младинска гаранција
- Враќање на младите назад во Македонија
- Студентска платежна картичка за попусти
На ова немаше вака жолчна реакција , немаше реакција ниту
- За неизградената зграда на ФИНКИ и ФФК
- За условите во студентските домови
3. За храната во студентските домови
4.За стипендиите кои беа доделени на децата на функционери на СДСМ
За овие состојби и квалитетот на живот на студентите континуирано алармираме и апелираме до надлежните во последните 5 години. За подобрување на оваа ситуација потребна е стратегија, а не популистички мерки и предизборно манипулирање кое е пракса во последните 5 години. Студентите се иднината на нашата држава и нивниот капацитет и потенцијал државата мора да го препознае.
ВМРО ДПМНЕ по следните предвремени парламентарни избори се обврзува дека ќе ги подобри условите во студентските домови, мензите и храната во нив, квалитетот на образованието кое ќе го добиваат студентите и можностите по завршувањето на образованието, ќе се зголемат стипендиите, ќе се стимулираат студентите преку повеќе мерки.
Интересен е фактот дека штабот на СДСМ, познатата „Бихаќка“ е поранешна зграда на МОН, па ве повикуваме да почнеме иницијатива за трансформација на овој „простор“ во студентски дом.
И за крај ВМРО ДПМНЕ не е штабот, ние сме постојано во комуникација со студентите по улиците, по дискотеките, кафулињата, парковите, читалните“, се наведува во соопштението на помладокот на опозициската партија.