По повод празникот 23 октомври и 122 годишнината на ВМРО, УМС на ВМРО-ДПМНЕ вчеравечер во Дом на АРМ оддржа трибина под насловот „Македонската револуционерна организација и предизвиците низ постоењето“.
На трибината зборуваа Никола Србов дипломиран историчар, Марјан Гиовски дипломиран историчар и првиот претседател на УМС , Драган Димишков.
Тие се осврнаа на создавањето на Македонската револуционерна организација, нејзината организациона поставеност и предизиците со кои се соочувала низ своето постоење.
Говорниците особено ја нагласија улогата на Македонската револуционерна организација во создавањето на самостојна, суверена и независна Република Македонија.
На трибината присуствуваа повеќе од 100 млади луѓе како и претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски и членови на ИК.