
Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ денес организираше спортски настан за промоција и поддршка на Parkour и StreetWorkout вештини.
Потпретседателот на УМС Орце Ѓорѓиевски посочи дека од исклучително значење е физичката активност на младите лица, особено во време кога таа е се помалку застапена како резултат на подемот на информатичко комуникациските технологии, додавајќи дека овој начин на рекреативно спортување е вистински одговор на тој тренд.
На настанот свој настап имаа претставниците на овој спорт Мартин Петров и Дамјан Здравковски од општина Кисела Вода, кои што ги повикаа сите заинтересирани млади лица да им се придружат во спортските активности.