УМС на ВМРО-ДПМНЕ: Со СДСМ на власт учениците добија учебници една недела пред крајот на школската година, а во спортот немаат вложено ништо и не се способни ниту да ги одржуваат изградените објекти

На вториот ден од саемот на проекти за млади „Иднина за сите во Македонија“ во организација на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ на панел дискусијата на тема „Образование и спорт“ свое обраќање имаше Билјана Јанева, потпретседател на УМС која што истакна дека образованието од плурализмот па се до денес бележи слободен пад, а немањето учебници и стратегија на долгорочен план во однос на образованието дополнително ги мотивира младите да се иселуваат од државата.

„Образованието од плурализмот па се до денес бележи слободен пад. Сведоци сме на нефункционален образовен систем оваа влада наместо да ги детектира грешките и да работи на нивно решавање таа прави уште поголеми грешки а потоа одразот е масовно иселување на младите од Македонија. Ќе се сетите дека пред некоја година ги оставаа патиките пред влада поради за нив тогашното масовно иселување меѓутоа што да кажеме ние денес кога секој ден се поздравуваме со нашите најблиски пријатели браќа и сестри затоа што ја напуштаат државата. А ја напуштаат токму поради ова поради лошото образование, не постоење на долгорочна стратегија за квалитетно образование, замислете 21 век а учениците се без учебници користеа скрипти во кои беа содржане по пет или шест предмети во една скрипта а учебниците ги добија пред само една недела пред крајот на учебната година. Ова е срам за една држава а државната матура е аларм за функционирањето на образованието. Сите бевме сведоци на разни вибер групи кои се користеа за препишување притоа никој не се одважи да превземе одговорност за овој случај а притоа ја покачија цената за приговорите за државната матура која што изнесува замислете 2 500 ден за еден приговор. Сето ова покажува колку оваа власт се грижи за проблемите на средношколците и учениците“ истакна Јанева.

Иван Димитриевски, претседател на УМС на ОК Куманово вели дека условите на спортистите, воопшто, во Македонија се многу лоши во последните седум години откако на власт се СДС и во спортот нема ниту една капитална инвестиција.

„Владата на СДС не само што не направи ниту една инвестиција, туку и овие веќе изградени објекти не се способни да ги одржуваат. Како што немаат услови младите спортисти исто така многу се лоши условите и на професионалните спортисти, тие се соочуваат со елементарни проблеми бидејќи немаат пензиско и здравствено осигурување. Во многу европски, дел и банкански земји изнајдоа решение со тоа што професионалните спортисти ги вклучија во институциите, како што се војска, полиција, пожарна и ги обезбедија со здравствено и пензиско осигурување“, истакна Димитриески.