УМС: СДСМ да го врати имотот кој го присвои за партиски цели за да се адаптира во нов студентски дом

Имотот на СДСМ е имот на Министерството за образование. Партијата наследничка на сојузот на комунисти го присвоила и него и со направила сопствен партиски штаб, велат младите од ВМРО-ДМНЕ и бараат истиот веднаш да се врати во владение на државата, а Владата да го реновира и адаптира во нов студентски дом, каде што според проектниот план би се сместиле околу 250 студенти од внатрешноста на Македонија.

За прв пат очекуваме искрен однос од СДСМ и поддршка на нашата иницијатива од Социјалдемократската младина. Секоја поинаква реакција ќе покаже дека нема крај на лицемерието на елитата од СДСМ. Доколку СДСМ не го врати имотот, партијата и нивната младина немаат повеќе никакво право и кредибилитет да зборуваат за студентски стандард и грижа за студентите во Македонија. Тоа би било срамно во ситуација кога повеќе од 20 години, просториите на Министерството за образование ги користат како партиски простории, истакна Коче Гаврилов, член на ИК на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Младите преку проекција ги запознаа сите заинтересирани како би изгледал новиот студентски дом со капацитет од 250 легла, кој би се изградил на местото каде сега е лоциран партискиот штаб на СДСМ.

350000sl4

88med

99med

1010med

11med

22med

33med

44med

3333med

55med

66med

1111med

2222med