УМС ВМРО-ДПМНЕ Василево: Ова е новиот пат што го изгради СДСМ

Членовите на УМС ВМРО-ДПМНЕ Василево направија пародија  за да изразат незадоволство од неработење на локалната власт  на  Општина Василево  предовдена од  градоначалникот  Марјан Јанев  и  СДСМ.  Проектите  предивдени со програмата од  локалните избори не се остваруват иако помина една година од ветувањето  потсетуват младите од Нова Маала со оваа пародија.  Цртеж на хамер хартија на кој е претстваен  асфалтиран пат, оставен врз земјениот пат и вешто изработени  макети на сообраќајните знаци поставени  покрај него.

Ако се читат знаците направени со оваа досетлива реакција на младите  може да се заклучи дека: внимавајте, во тек е изградбата на овој пат кој го носи името  „Дојде живот во Нова Маала Василево“.