![Novak](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/12/Novak.jpg?resize=696%2C468&ssl=1)
Во своето деби во Јунајтед Купот, Новак Ѓоковиќ ја оправда својата улога како лидер на српската репрезентација и ја одведе до победа од 2-1 против Кина во натпреварот од групата Е во мечот кој во неделата се одигра во Перт.
Тенисерот број еден во светот го победи Жижен Жанг (АТП – 58.) со 6-3, 6-2 во сингл мечот, а потоа Кинвен Женг (ВТА – 15.) ја победи Олга Даниловиќ (ВТА – 119) со 6-4, 6- 2), а во меќот на мешаните двојки подобра беше српската комбинација со 6-4, 1-6, 10-6.
На Србија ѝ е потребна победа над Чешка за пласман во четвртфиналето, а тој меч е закажан за вторник, додека Кина има изгледи за пласман како најдобра второпласирана репрезентација од трите групи чиј домаќин е Перт, бидејќи во првиот настап таа ја совлада Чешка со максимални 3-0.
На преостанатите натпревари одиграни во неделата, американската селекција ја совлада Велика Британија со 2-1 во групата Ц во Перт, додека Канада го победи Чиле со 2-1 во Сиднеј во групата Б.
Американската репрезентација ја брани титулата освоена во првото издание на ова натпреварување, а за освојување на првото место во групата и пласман во четвртфиналето ќе им биде потребна победа против Австралија која може да обезбеди пласман во нокаут фазата само доколку го добие споменатиот натпревар со максимален резултат 3-0.
Во понеделник првиот натпревар на турнирот ќе го одигра хрватската репрезентација која е прва носителка во групата Ф во Сиднеј. Во првиот натпревар од оваа група Холандија победи со 2-1 против Норвешка, а со победа Хрватска би направила чекор кон пласман во четвртфиналето.