Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека Будимпешта не се согласува со плановите на Европска комисија за доделување на дополнителни средства на Украина.
Тој истакна дека Унгарија не е подготвена да обезбеди дополнителни пари за финансирање на зголемените трошоци за сервисирање на долгот на ЕУ, посочи Орбан.
– Едно е јасно, ние Унгарците повеќе нема да и даваме пари на Украина додека таа не објасни каде отидоа претходните 70 милијарди евра. И оценуваме дека е крајно смешно и апсурдно што треба дополнително да ги финансираме трошоците за отплата на кредитот од кој сè уште не сме добиле средства, а имаме право на тоа, истакна Орбан.