Унгарија ги продолжува мерките на затворање до 1-ви март

Унгарија го продолжува делумното „затворање“ воведено на почетокот од ноември до 1-ви март, соопшти во четвртокот шефот на кабинетот на премиерот Виктор Орбан.

На брифингот за новинарите Гергели Гулјас рекол дека секое ублажување не мерките подоцна би резултирало со построго затворање, а Унгарија би можела да почне ублажување на мерките само доколку бројот на заразените остро падне или доколку се вакцинираат голем број луѓе.

„Мерките воведени во ноември помогнаа пандемијата да забави и да ја држиме под надзор. Стручњаците велат дека при недостиг од вакцините секое ублажување би довеле до нов бран и уште подрастично заострување подоцна“, рекол Гулјас.

Моменталните мерки, вклучително и ноќниот полицискиот час и затворени средните училишта и рестораните, требаше да завршат во понеделник. Гулјас рекол дека владата ќе побара од парламентот да ги продолжи вонредните владини овластувања за уште 90 дена.

Унгарија до четвртокот вакцинирала 161.215 луѓе со вакцините на „Pfizer“ и „Moderna“, соопшти владата. Гулјас рекол дека вакцините кои пристигнуваат преку набавките на Европската унија нема да бидат доволни за масовно вакцинирање.

Унгарија, со колу 10 милиони жители, пријави 363.450 заразени и 12.191 смртни случаи.

Гјулас рекол дека Унгарија, која минатата седмица стана првата членка на ЕУ која ја купи руската вакцина „Спутник V“, ќе ја прими првата серија на оваа вакцина до крајот на февруари, што е доволно за вакцинирање на 300.000 луѓе.

Владата на Орбан е под притисок што поскоро да го покрене стопанството, пред парламентарните избори во 2022 година, откако минатогодишните штети поради пандемијата ја предизвика најголемата рецесија од глобалната финансиска криза.

Гулјас изјавил дека владата ќе ја забрза постапката за одобрување на вакцините, како и дека ќе ја одобри за итна употреба на секоја вакцина со којашто се вакцинирани најмалку милиони луѓе во светот. Меѓутоа, локалните здравствени власти ќе ја проверат секоја нова вакцина којашто ќе се употреби во Унгарија, додал.