Унгарија го донесе првиот од серијата закони за борба против корупцијата

Унгарскиот парламент го усвои првиот од серијата закони за борба против корупцијата, на која ја обврза Европската комисија. Фидес, владејачката партија на премиерот Виктор Орбан, усвои амандман на кривичниот законик со кој се воспоставува постапка за кривични дела поврзани со управувањето со јавниот имот, овозможувајќи судска проверка доколку истрагата е затворена без обвиненија или се отфрлени кривичните пријави, пренесе Ројтерс.

Собранието во понеделникот го усвои законот со 136 гласа „за“ и седум „против“, а 14 пратеници беа воздржани. Законот е еден од 17-те обврски што владата на Орбан ги презеде пред Европската комисија за да спречи суспензија на милијарди евра пари на ЕУ поради прекршување на демократските контроли и рамнотежи, вклучително и слабите антикорупциски мерки, соопшти агенцијата.

ЕУ има рок до 19 ноември да ги процени активностите на Унгарија и дали тие го спречуваат ризикот од злоупотреба на парите на ЕУ.