Унгарија и Белорусија потпишаа нуклеарен договор

Владата на Унгарија потпиша нуклеарен договор со Белорусија, што за  шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто е од „големо значење“, објави Телма.

Според Сијарто, кој е во посета на Белорусија, Договорот е за трансфер на технологии и знаења кои се потребни при изградбата на втората нуклеарна централа во Унгарија – „Пакш 2“, наведе Сијартто кој е во посета на Минск.

Инаку, нуклеарната централа „Пакш“ е изградена од руската компанија „Росатом“.