Унгарија и Словачка ќе можат да продолжат да купуваат руска сурова нафта до крајот на 2023 година согласно постоечките договори, тврди извор од Европската Унија за британски медиуми.
Tие држави наводно ќе бидат исклучок од примената на ембаргото за руската нафта, предложено од Европската Комисија, во рамките на шестиот пакет санкции.
Со цел да ги придобие земјите, што се против ембаргото, да не стават вето на предлогот, Брисел предложи на Унгарија и на Словачка да им биде овозможен подолг период за да почнат со примена и самите, појаснува изворот.
Европската Комисија денеска предложи целосен прекин на увоз на руската нафта во рок од шест месеци, а на нафтените деривати до крајот на годината.