Унгарија најверојатно ќе биде на чело на КФОР од идната година

Унгарија има намера следната година да го преземе командното место во мировната мисија во Косово, што ќе биде првпат една земја од регионот да ги предводи меѓународните сили на КФОР, објави Балканската мрежа за безбедност.

Според текстот на www.balkansec.net, унгарскиот началник на ГШ, Ференц Кором го нагласил тоа во Вашингтон во разговор со американскиот заменик началник на ГШ, Џон Хајтен.

Ако Унгарија добие поддршка за иницијативата, функцијата командант на КФОР за првпат ќе ја преземе една земја од регионот, со што ќе се прекине сегашната практика на чело на мисијата да бидат офицери од западноевропски членки на НАТО. Најавата на шефот на ГШ на Унгарија доаѓа по неодамнешната одлука на Будимпешта за зајакнување на својот контингент во КФОР со дополнителни 100 војници.

Унгарија, од сите земји во регионот, има најмногу војници во мисијата КФОР. Инаку, момненто КФОР брои 3.526 лица од 27 држави.