![ungarija parlament](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/04/ungarija-parlament.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Претседателот на унгарскиот парламент во четвртокот изјави дека нема итност за одобрувањето на членството на Шведска во НАТО, а по ратификацијата на Турција, Будимпешта останува единствената што го кочи пристапниот процес.
Турскиот парламент, во кој доминира владејачката коалиција на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, гласаше со 287 „за“ и 55 „за“ да го одобри барањето на Шведска во 2022 година за зајакнување на нејзината безбедност, наводно како одговор на руската инвазија во Украина. По парламентарната ратификација, потписот на претседателот Ердоган сѐ уште се очекува да го заокружи целиот процес, како што и во американскиот Конгрес на чекање е ставена иницијативата на претседателот Џо Бајден законодавците по пет години да ја одобрат продажбата на борбените авиони „F-16“ на Турција, што беше еден од условите на Анкара, покрај барањето Стокхолм да го промени законот за санкционирање на антитурските активисти, во парламентот да мине ратификацијата на шведското барање за членство во НАТО.
Пристапувањето на Шведска бара формално одобрение од сите 31 земја-членка, вклучително и од Унгарија, но одобрението на Турција генерално се сметаше за најголемата преостаната пречка што треба да се надмине.
Процесот на ратификацијата на членството на Шведска и Финска се заглави и во унгарскиот парламент од ланскиот јули, кога Будимпешта првпат изрази отворена загриженост во врска со членството на двете нордиски земји во НАТО и ги обвини, меѓу другото, двете земји поради ширење „отворени лаги“ за состојбата на демократијата и владеењето на правото во Унгарија и блокирање на земјата во рамките на Европската унија.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој има пријателски односи со рускиот претседател Владимир Путин и покрај војната на Москва во Украина, во средата изјави дека ќе ги повика пратениците да го одобрат приемот на Шведска во првата можна можност. За тоа во средата Орбан го информирал и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Парламентот во Будимпешта во моментов не заседава, поради зимската пауза. Опозициската Социјалистичка партија соопшти дека ќе свика итна седница на парламентот за да ја одобри кандидатурата на Шведска за влез во НАТО, која е застој во унгарскиот законодавен дом од средината на 2022 година и покрај постојаните ветувања на Орбан дека ќе ја поддржи.
„Не се сомневам дека една од опозициските партии – која постојано оди против унгарските интереси – ќе повика на (вонредна) седница, но веројатно нема да успее“, рече Ласло Ковер, член на владејачката партија Фидес, цитиран од интерент страницата Index.hu.
„Не чувствувам никаква особена итност. Згора на тоа, не мислам дека постои вонредна ситација“, додава Ковер.
Шефот на шведската дипломатија во четвртокот рече дека претпоставува дека Унгарија знаела дека претходно изјавила оти нема да биде последната членка на НАТО што ќе го ратификува барањето на Шведска за приклучување кон одбранбената алијанса, објави весникот Aftonbladet.
„Претпоставувам дека унгарската страна е свесна за ветувањата дадени на надворешниот свет. Дека не треба да бидете последната што ќе ја ратификува Шведска“, го цитира дневникот на министерот за надворешни работи Тобијас Билстром.