Унгарија ќе ги поддржи сите санкции на Европската унија против Русија и нема ништо да блокриа, изјави во саботата премиерот Виктор Орбам, обраќајќи им се на украинско-унгарската граница.
„Унгарија јасно даде до знаење дека ги поддржува сите санкции ид ека нема намера ништо да блокира. Сѐ за што премиерот во ЕУ се договорат ние го прифаќаме и поддржуваме. Време е да бидеме обединети, ова е војна“, рече Орбан додавајќо дека најважно е да бидат преземени мировни напори.
Односите меѓу Унгарија и Украина се влошени откако по превратот во 2014 година во Киев беа укинати правата, вклучително и за користење на јазикот како службен во западниот украински регион Закарпатие каде што живеат околу 150.000 етнички Унгарци. Киев особено ја разгневи Будимпешта кога во 2017 година го воведе законот со кој во училиштата се забранува користењето на јазиците на малцинствата, вклучително и унгарскиот. Владата на унгарскиот премиер Виктор Орбан, освен обвинувањата и за тортура врз унгарското малцинство, своевремено се закани и со блокирање на напорите на Киев за поблиска соработка со НАТО и Европската унија
Министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ во петокот усвоија втор пакет санкци против Русија поради нејзината воена операција во Украина, вклучително и замрзнување на сопственоста на рускиот претседател Владимир Путин, како и на министрите за надворешни работи и за одбрана Сергеј Лавров и Сергеј Шојгу, и изразија подготвеност за дополнителни мерки доколку ситуацијата не се промени.
Ден претходно, во четвртокот челниците на ЕУ се согласија за нови санкции насочени на повеќе сектори во Русија за наметнивање „големи и тешки последици за нејзиното работење“. Целени се финанскиот, енергетскиот и транспортниот сектор, стоките со двојна намена, како и контролата на извозот и финансирањето на извозот, визната политија, проширување на листата санцкионирани лица и нови критериуми за ставање на таа листа.
Претходно во саботата Орбан рече дека се согласува Русија да биде блокирана од прекуграничниот систем за плаќање SWIFT. Орбан претходно се сметаше за најблизок сојузник на Владимир Путин меѓу лидерите на земјите-членки на Европската унија.
Полскиот премиер Матеуш Моравјецки пред средбата со германскиот канцелар Олаф Шолц рече дека сите санкции треба да бидат ставени на дискусија,
„Дојдов во Берлин да ја потресам совеста на Германија, за тие конечно да одлучат за навистина остри санкции кои ќе влијаат на одлуките на Кремљ“, рече Моравјецки додека се водеа борби во предградието на украинскиот главен град Киев.
„Треба да ги затвориме Северен тек 1 и 2, треба да ја намалиме зависноста од суровините, да ги отсечеме руските финансиски институции од пазарите на капитал, да ги конфискуваме имотите на олигарсите, да го затвориме SWIFT за Русија… сите опции треба да бидат на маса“.
Меѓутоа, земјите од ЕУ се двоумат околу тоа дали на Русија да ѝ го блокираат и пристапот до мрежата за меѓународни трансакции SWIFT, особено откако Индија најави дека може со Русија да тргува директно со плачања во рупии и рубљи. Искличувањето на Русија од овој систем кој го користат илјадници банки би нанел првично тежок удар на рускиот банкарски систем, поради недостапност од финансии. Но владите на многу земји стравуваат и за штети врз своите стопанства и економии, бидејќи тоа ќе предизвика големи нарушување и недостатоци во набавката на руски енергенси, метали и минерали, во прв ред на нафтата и гасот.