
Унгарскиот парламент во вторникот изгласа дека деталите од договорот со Кина за финансирање на железничката линија Будимпешта – Белград ќе останат тајна во следните 10 години, пренесува AFP и истакнува дека вложувањата во овој инфрастуктурен проект се смета за најважната некогаш реализирана инвестиција во Унгарија.
Унгарија и Кина потпишаа кон крајот на април договор за кредит за финансирање на градењето железница за брзи возови меѓу Будимпешта и Белград. Пред потпишувањето на договорот на почетокот од април унгарската влада предложи закон со кој ќе се класифицинат сите податоци од договрот за овој проект од 2,1 милијарди долари со рок од десет години. Во предлог-законот беше истакнато за да се обезбеди кредитот на Кинескта увозно-извозна банка.
Во предлогот, исто така, беше наведено дека отркивањето на поединостите од договорот „би ги загрозиле капацитетите на Унгарија да ја спроведува својата надворешна политика и трговски интереси“. Унгарија со овој закон сака да се заштити и од „несоодветното надворешно влијание“, наведвуајќи дека станува збор за проект кој е од највисок национален интерес.
Министерот за финансии Михаљи Варга рече дека каматата на кинескиот кредит е фиксна и дека постои опција за исплата порано, но не наведува други поединости. Според договорот со кинеската државна банка „Exim“, Унгарија ќе финансира 85 отсто од трошоците на инвестицијата, а другите 15 отсто ќе се финансираат од фондови. Во усвоениот закон пишува дека Будимпешта може да ја објави содржината на документот „откако ќе добие отчитување од Народна Република Кина“. Унгарската делница во должина од 150 километри ќе ја гради конзорциумот CRE.
Проектот, која е најскапиот во Унгарија по нуклеарната централа Пакс којашто ќе ја гради руската компанија „Росатом“, би требало да му помогне на унгарското стопанство кое е погодено од епидемијата од коронавирусот.
Пругата е дел од поголемиот кинески проект „Еден појас, еден пат“ кој треба да отвори нови трговски правци за кинеските компании, а е прв голем инфраструктурен проект на територијата на Европската унија. Целта е да се транспортираат кинеските стоки од Грција каде Пекинг ги зема под концесии пристаништата во западна Европа, но недостигаат клучните делови на Балканот, преку Србија и Македонија. На кинеската иницијатива која се нарелува и „Новиот пат на свилата“, ѝ се придружија и Италија, Португалија и Грција.
Кина, Србија и Унгарија во 2014 година потпишаа меморандум за изградба на овој железнички правец, а изградбата во Србија започна во 2018 година, откако Белград зема кредит од 297,6 милиони долари.
По десетте години соработка меѓу Кина и источноевропските земји, меѓу кои и Македонија, во ранките на иницијативата наречена „17+1“, ова ќе биде првиот голем инфраструктурен проект на иницијативата во регионот и во рамките на ЕУ, изјавија унгарските економски аналитичари