Унгарија прогласи вонредна енергетска состојба, забрани извоз на енергетски производи

Унгарскиот премиер Виктор Орбан свика во средата состанок на владата за да разговара за проблемите со снабдувањето кои влијаат на европскиот енергетски пазар, изјави неговиот портпарол за Reuters.

Владата во Будимпешта наредила забрана за извоз на енергетски производи и ја укинала повеќегодишната ценовна граница за комуналните услуги за домаќинствата кои користат енергија над просечното ниво на потрошувачка.

Мерките, коишто вклучуваат план за зголемување на домашното производство на гас на две милијарди кубни метри од 1,5 милијарди, ќе стапат на сила од август за да се обезбеди континуирано снабдување со енергија во текот на зимата, рекол портпролот Гергели Гуљас.

Во соопштението за печатот се наведува дека премиерот го свикал состанокот поради порастот на цените на енергијата како резултат на војната во соседна Украина и можноста за недостиг на гас во Европа во есен и зима. Оорбан на својот профил на Facebook објави фотографија од средбата со натпис: „Енергетска криза во Европа!“

Гуљас рекол дека владата прогласила енергетска вонредна состојба. Посочил дека биле одобрени седум мерки за да се обезбеди енергија потребна за зимата, како и дека министерот за надворешни работи добил овластување за набавка на дополнителен гас.