Унгарија ремизираше против Франција во Будимпешта (ВИДЕО)

Актуелниот светски првак Франција мораше да се задоволи само со бод во мечот против Унгарија (1-1), која се покажа како цврст противник во Будимпешта, па дури имаше и водство на полувреме.

Франција тргна фуриозно кон голот на Унгарија, а првата шанса ја имаше Карим Бензема, кој испрати одличен удар, но противничкиот голман остана на висина на задачата и ја зачува својата мрежа.

Во продолжение од првото полувреме Французите имаа уште неколку шанси, но Килијан Мбапе и Антоан Гризман не беа прецизни, по што казната стигна преку Атила Фиола, кој во 47. минута погоди за 1-0.

Французите напаѓаа и во вториот дел, а одбраната на Унгарија ја пробија дури во 66. минута кога Гризман налета на една одбиена топка и ја смести во мрежата на ривалот за 1-1.

Франција е на првата позиција со четири бодови, Португалија има три, Унгарија еден, додека Германците се без бодови.