Унгарија верува во дијалог, а не во „држење лекции и санкции“

Унгарија верува во можноста за дијалог и се спротивставува на политиката на „држење лекции и санкции“, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан по средбата со претседателот Република Српска Милорад Додик.

„Стабилноста на Западен Балкан е важна за Европската Унија. Наместо предавања и санкции, ние веруваме во дијалог и соработка. Мојата денешна средба со претседателот Милорад Додик служеше за оваа цел“, напиша Орбан на социјалната мрежа „Икс“.

Претходно, унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто повика на искреност за проширувањето на ЕУ и ги критикуваше нејзините лидери дека се шегуваат со земјите од Западен Балкан со нивното пристапување во ЕУ.