Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска изјави дека земјата ќе започне со увоз на руската вакцина против коронавирусот во декември, со цел да ја тестира и лиценцира.
Министерот ја потврди оваа вест преку Фејсбук, објави Ројтерс.
Доколку вакцината се покаже ефикасна, Унгарија ќе го зголеми увозот на руската вакцина во јануари, а истовремено ќе пренасочи една од домашните фармацевтски компании што произведува сезонска вакцина против грип, да прави вакцина против Ковид-19, додаде Сијарто.