Унгарија во Србија испрати нов контингент од 24 полицајци

За да се спречи нелегалниот влез на мигранти во земјата и на територијата на Европската Унија, унгарската полиција го испрати 21-от контингент од 24 полицајци во Србија, јави Бета.

Според информациите објавени на веб-страницата на унгарската полиција, полициски службеници ќе вршат патролни задачи со цел спречување и откривање илегални преминувања на границата, како и учество во апсење на лица инволвирани во криумчарење илегални мигранти.

Унгарските полицајци ќе ја користат личната опрема за време на извршувањето на задачите, а нивната работа ќе биде под надзор и водство на надлежните безбедносни органи на земјата домаќин.