Лицата или групите коишто им помагаат на имигрантите коишто немаат право на заштита од државата, односно не ги задоволуваат условите за поднесување барање за азил, или им помагаат на илегалните имигранти да добијат статус кој им гарантира останување во Унгарија, според предлогот упатен во вторникот во парламентот ќе бидат подложени на затворски казни.
Во текстот на предлог-законот, во медиумите познат како „Стоп Сорос“ а се однесува на американскиот берзански шпекулант од еврејско-унгарско потекло Џорџ Сорос кој заговара нелиберални иницијативни вклучително и задолжување или негово кредитирање на европските земји за да примаат со десетици илјади имигранти од Блискиот исток и северна Африка, се истакнува дека „оние коишто осигуруваат финансиски средства или редовно ги спроведуваат наведените видови организациски активности ќе бидат казнето до една година затвор“.
„Потребен ни е акциски план за да ја одбраниме Унгарија, а тоа е пакетот законски предлози Стоп Сорос“, се наведува во законскиот предлог на унгарското министерство за внатрешни работи.
Министерството појаснува дека некои меѓународни, но и унгарски невладини организации, го помагале илегалното влегување на нелегални имигранти во Унгарија, па оттаму и „нивното санкционирање е оправдано“.
Доколку предлог-законот биде усвоен без измени, печатењето брошури со информации за барање азил и делењето храна на илегалните мигрантите, ќе стане казниво дело во Унгарија. Државата го менува и уставот за да ги спречи останатите земји од Европската унија да ги пренасочуваат лицата кои бараат азил кон Унгарија.
Унгарија, Полска, Чешка и Словачка, или државите од ткн Вишеградска група, се противат на планот на Унијата да премести 160.000 мигранти со потекло од Сирија и Еритреја од камповите во Италија и Грција кои се преоптоварени.
Владејачката десна партија FIDES, има две третини од мандатот во унгарскиот парламент, а гласањето на новиот закон се очекува во следната седмица.