Унгарија ќе помага во враќањето имигранти во Грција

Унгарија не може и не сака да прима имигранти коишто ќе бидат вратени од Германија, но е подготвена да помогне за нивно враќање во Грција, изјави во средата унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Орбан истакна дека позицијата на Унгарија од почетокот на мигрантска криза била „директна и искрена“, иако тоа понекогаш можеби делувало „непријатно“.

„Иста позиција имавме и во 2015 година. Балканската рута доаѓа од Грција и нема ниту еден единствен мигрант што влегол во ЕУ преку Унгарија“, рече Орбан коментирајќи го договорот меѓу партнерите во германската влада за враќање на мигрантите што нема да добијат азил во Германија во земјите од каде дошле на германската граница.