Унгарците на границата ќе поставуваат жица што сече месо до коски.
Нема пари кои би биле вредни за тоа да се повреди некое дете или уште полошо, да загине. И затоа ги одбив Унгарците да им продадам жица за нивната ограда. За тоа ќе добиев половина милион евра, но тие пари не се ништо во споредба со човековите живот, вели Мурат Екрек, косопственик на германската компанија “Mutanox”, специјализирана за изработка на разни видови огради и жици.
Компанијата ја отворил со својот пријател Талат Дегер пред 20-тина година, а производите од Берлин ги праќаат до купувачите ширум светот, но не и во Унгарија, бидејќи идејата со ограда да се спречат мигрантите е тотално нехумана.
Во првата нарачка Унгарците барале жица за 40 километри ограда, но потоа ја зголемиле нарачката на 175 километри.
Нè интересираше каде точно мислат да ја постават жицата, кажува тој.
Имено, Унгарците не нарачале обична бодликава, туку остра бодликава жица. Наместо запци, таа има острици кои како жилет нанесуваат повреди.