Унгарија нема да прифати уцени од ЕУ

Унгарија денеска силно негодуваше на предлогот на Европската комисија да бидат блокирани средствата за развојни фондови за државите кои го поткопуваат владеењето на правото, велејќи дека нема да се согласат со таква „уцена“.

Постојат важечки договори со ЕУ кои јасно ги дефинираат правата и обврските на членките на ЕУ, изјави министерот за надворешни работи на Унгарија, Питер Сијарто.

Тој додаде дека Унгарија “не се согласува со ниту еден предлог кој ќе овозможи потенцијал за уценување на било кој во врска со исплатите од фондовите на ЕУ, кои треба да им се дадат на државите врз основа на  договорот”.

Европската комисија претходно го обвини унгарскиот премиер, Виктор Орбан и неговата десничарска влада дека ја загрозат независноста на унгарските судови и ја ограничуваат слободата на медиумите.