![hungary norway](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/11/hungary-norway.jpg?resize=696%2C392&ssl=1)
Унгарија и на вториот меч од бараж дуелите славеше против Норвешка, овој пат со 2:1, откако на првиот натпревар во Осло триумфираа со 0:1.
Синоќа во Будимпешта, Унгарците ја потврдија надмоќноста над противникот доаѓајќи до победата со головите на Пришкин во 14-та минута, и автоголот на Хенриксен во 83-та минута.
Хенриксен успеа, барем малку, да се извади за автоголот, со погодок во мрежата на домаќините во 87-та минута, колку за ублажување на поразот.