Унгарската влада ќе го продолжи ограничувањето за цените на храната и горивата до 1 октомври, додека лимитот на каматните стапки на хипотеките на мало ќе остане на сила до крајот на годината, најави премиерот Виктор Орбан.
Цените се главната алатка на владата на Орбан во заштитата на домаќинствата од повисоките животни трошоци, но дури и со тие мерки, инфлацијата минатиот месец стана двоцифрена.
Во кусата објава на Фејсбук, Орбан не даде дополнителни детали.
Народната банка на Унгарија денеска била принудена дополнително да ја зголеми еднонеделната каматна стапка за да ја зајакне форинтата, која оваа година падна на рекордно ниско ниво во однос на еврото.
Засега нема докази дека тоа ја намалила инфлацијата.
Лани во средината на ноември, владата на Орбан постави ограничување од 480 форинти (околу 1,20 евра) за литар гориво, а во февруари ги ограничи и цените на некои прехранбени производи.
Неодамна, пониските цени на горивата беа ограничени само за автомобили со унгарски регистрации, што предизвика конфликт со Европската унија. Унгарската енергетска компанија МОЛ побара постепено укинување на мерката.
Инфлацијата во Централна и Источна Европа дополнително се зголеми по руската инвазија на Украина, влошувајќи ги постојните зголемувања на цените по пандемијата на коронавирус, што ги натера централните банки ширум регионот да ги зголемат каматните стапки.