Унгарскиот дипломат положи заклетва како нов претседател на Генералното собрание на ОН

Унгарскиот дипломат Чаба Короши положи заклетва како нов претседател на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, јави МТИ.

Короши во понеделникот положи заклетва за Повелбата на Обединетите нации во присуство на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш и поранешниот претседател на Генералното собрание на ОН Абдула Шахид, пренесува Танјуг.

Во својот говор по инаугурацијата, Короши рече дека војната во Украина мора да се прекине што е можно поскоро, како и прекин на огнот.

Тој се заблагодари за поддршката на Унгарија и на земјите од источноевропскиот регион, а со инаугурацијата на Короши започнува 77. сесија на Генералното собрание на ОН.