Унгарскиот кандидат за ЕК ќе мора да одговара на дополнителни прашања

Унгарскиот кандидат за еврокомесар одговорен за проширувањето на Европската унија, Оливер Вархељи, ќе мора по сослушувањето во четвртокот во Европскиот парламент да одоговори на дополнителни прашања, но во пишана форма и без дополнителни сослушувања.

По сослушувањето во Комисијата за надворешна политика на Еврпскиот парламент, поведено по иницијатива на социјалдеморкатите и либералите, одлучено е дека Вархељи ќе мора да одоговори на дополнителни писмени прашања пред да доби зелено светлио. Од друга страна, Европската народна партија (ЕРР) оцени дека Вархељи со соодветен кандидат за ресорот за кој е предложен.

Вархељи во текот на сослушувањето вети дека во својата работа на позицијата за проширување ќе биде целосно независен од унгарската влада. Вархељи, инаку, се зазема за отворање на пристапните преговори со Македонија и Албанија што е можно поскоро. Идентичен став има и официјална Будимпешта.

„Како комесар, од денот на именувањето ќе работа потполно независно. Нема да прифаќам никакви инструкции ниту од една влада или институција, нема да дозволам никакво мешање“, рекол Вархељи.

Вархељи е вториот унгарски кандидат за ресорот проширување на ЕУ. На 30-ти септрември, европарламентарци ги отфрлија номинациите на Романија и Унгарија за места во новиот состав во Европската комисија поради сомневања за „судир на интереси“. Романката Рована Плумб претендирапе на позицијата европски комесар за транспор, а поранешниот унгарски министер за правда Ласло Трочањи беше номиниран за еврокомесар за проширување на ЕУ и соседска политика.

Подоцна на 10-ти октомрви, Европскиот парламент со истото образложение ја одби кандидатурата на Силви Гулард по второто сослушување. Гулард беше блиска соработничка на францускиот претседател Емануел Макрон, поради што францускиот печат пишуваше за „пораз“, „шлаканица“ и „студе туш“ за претседателот кој ја „плаќа својата ароганција“.