Унгарскиот парламент нема да гласа за кандидатурата на Шведска во членство на Сверерноатлантскиот сојуз на седмицата којашто ќе се одржи следната седмица, според дневниот ред објавен во четвртокот.
Шведска, којашто заедно со Финска истовремено во руската инвазија во Украина го најдоа изговорот за конечно отфрлање на декларативната воена неутралност додека со децении одржуваше тесни воено-индустриски врски и односи со члентките од НАТО, се надеваше дека официјално ќе ѝ се приклучи на Алијанската на самитот во Вилнус на 11-ти и 12-ти јули. Иако има силна поддршка од другите земји членки, во прв ред од САД, Турција и Унгарија досега го блокираат ратификувањето на шведското членство незадоволни од одредени политики на Стокхолм кон нив. Двете споменати членки кон крајот на март го ратификуваа членството на Финска.
Пратеничката на унгарската опозицска партија Демократска коалиција, Агнес Вадаи за Reuters информирала дека пратениците на владејчката партија Фидес и на демохристијанските партии на седница на парламентарната комисија не го поддржале предлогот тоа прашање да биде ставено на дневниот ред на пленарната седница на парламентот кои се одржува следната седмица.
„Парламентарната комисија го одби ставањето на гласањето на дневен ред следната седмица“, рекла Вадаи и додала дека нејзината повторно ќе го предложи гласањето во понеделник во парламентот.
Вадаи рекла и дека е „очигледно“ дека во Фидес решиле да го закажат гласањето во зависност од ставот на Турција.
„(Премиерот) Виктор Орбан се движи во тандем со (турскиот претседател Реџеп Тајип) Ердоган… го игнорира унгарскиот суверенитет и … го унишува единството на НАТО. Како што излгеда денеска, нема да има ратификација пред самитот на НАТО“, рекла Вадаи.
Шведскиот премиер Улф Кристерсон изјави дека има намера да разговара со унгарскиот колега по должност Виктор Орбан подоцна во четвртокот по медиумските написи дека унгарскиот парламент ќе ја одложи ратификацијата на шведската кандидатура за НАТО.
Портпаролот на унгарската влада и министрството за надворешни работи не одговориле на барањето за коментар на агенција Reuters испратени по електронска пошта.
Унгарскиот парламент ќе заседава следните понеделник, вторник и петок. Пратениците ќе гласаат за неколку предлог-закони, вклучително и за буџетот за 2024 година.
Процесот на ратификација во парламентот на Унгарија е од јули минатата година, но дури во феавруари првпат премиерот Виктор Орбан изрази загриженост од тежнењата особено на Шведска за влез во НАТО. Будимпешта им забележува со години на Стокхолм и Хелсинки за непријателсто, кочење и клеветење за ситауцијата со демократијата и владеењето на правото во Унгарија. Сепак, кон крајот на март, унгарските пратеници го одобрија придружувањето на Финска.
Повторувајќи го ставот на Турција, претседателот Реџеп Тајип Ердоган го информираше во телефонски разговор во неделата генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, дека Шведска мора да стори повеќе во однос на акциите на приврзаниците на организации кои Анкара ги смета за терористички.
Ердоган, исто така, во средата имаше телефонски разговор со германскиот канцелар Олаф Шолц, соопшти турското претседателство, во текот на кој се дискутирало за развојот на ситуацијата во Русија и кандидатурата на Шведска за НАТО. Ердоган речи дека Шведска преземала чекори во вистинска смисла, мислејќи на новиот закон за тероизам во земјата, кој инаку остро го критикуваа одредени шведски партии и организации за заштита на човековите права.
Меѓутоа, Ердоган нагласил дека приврзаниците на забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK), која е препознаена како терористичка организација освен во Труција и во земји од ЕУ и во САД, продолжуваат да организраат антитурски протести и да ги финансираат терористичките групи, што е „неприфатливо“ за Анкара.
Во средата откако шведските судови пресудија дека незаконски е полициското одбивање да го дозволат собирот на кој беше најавено палење на светата муслиманска книга Куранот пред главната џамија во Стокхолм, и тоа на првиот ден од големиот муслимански празник Курбан бајрам, таквиот чин се случи. Сличен случај од јануари годинава, исто така во Стокхолм, беше причина Турција порешително да го блокира шведскиот прием во НАТО.
Премиерот на Шведска, Улф Кристерсон изјави дека не сака да шпекулира како одобрениот протест може да влијае на процесот на влез на Шведска во НАТО.
„Тоа е легално, но не е примерно. Верувам дека живееме во време кога е неопходно да се остане смирен и да се размислува за тоа што е најдобро за долгорочните интереси на Шведска“, посочи Кристерсон.