За оваа функција ќе се избира меѓу двајца кандидати.
Кандидатот на владејачката партија ФИДЕС Јанош Адер и кандидатот на левичарската опозиција – поранешниот омбудсман Ласло Мајтени.
Унгарскиот претседател ќе биде избран со тајно гласање, а победник ќе биде оној кој ќе добие две третини од гласовите. Доколку не се успее во првиот круг, ќе се одржи и втор круг на гласањето и претседател ќе биде оној кој ќе добие просто мнозинство.
Во моментов ФИДЕС и нејзините коалициони партнери, Христијанско-демократската народна партија располагаат со уставно мнозинство – две третини од гласовите во унгарскиот Парламент (133 од 199 гласови).
Поради тоа изборот на нивниот кандидат, изгледа како формалност, посочува ТАСС.
Сегашниот унгарски претседател Јанош Адер, кој е фаворит на овие избори, ја доби функцијата во 2012 година, а неговиот мандат завршува на 10 мај.
Мајтени ужива поддршка од левичарските опозициски сили – Дијалог за Унгарија, Унгарската социјалистичка партија и Демократската коалиција. Десничарската опозиција не претстави нејзин кандидат.
Според анкетата на центарот „Незопонт“, 63 отсто од Унгарците го поддржуваат Адер, а 27 проценти се „против“ неговиот реизбор.
Адер е меѓу најомилените политичари во Унгарија.
Претставниците на владејачката партија неколкупати изјавија дека кампањата на опозицискиот кандидат е финансирана од американскиот милијардер со унгарско потекло Џорџ Сорос, забележа ТАСС.